Нема пари само за лицата со попреченост! (ВИДЕО)

„Протест со колички“ најавуваат лицата со попреченост неезадоволни што иако Македонија  е потписничка на конвенцијата на ОН, за еднаков пристап , не прави ништо за подобрување на условите за живот на овие лица.“

„Има пари за сите само за лицата со хендикеп нема. Со 7 000 денари месечно колку што предвидел предлагачот на законот, не може ниту половина од месечните трошоци да се покријат“, порача денеска  Бранкица Димитровска од Здружението Хендикеп на прес-конференција од пред Министерството за труд и социјална политика.

Од Здружението најавија дека дека лицата со попреченост, ќе протестираат ако треба секој ден со колички, доколку не се земат предвид нивните барања, пред се подигање на висината на помошта која се издвојува од буџетот, пренесува Макфакс.