Нема одлука за нови НАТО бродови во Црно Море

Околу информацијата дека САД планираат да испратат воени бродови во Црно Море поради инцидентот во теснецот Керч, шефицата на бугарската дипломатија и вицепремиер, Екатерина Захариева вели:

„Има бродови на НАТО во Црно Море.  Тоа не е вест. Нема донесена одлука за нови. Сега треба да ја смириме ситуацијата. Да се ​​дојде до деескалация. Да бидат ослободени 24 морнари, како и на трите приведени бродот. Многу е важно да се почитуваат меѓународните договори за поморско право и Конвенцијата за поморско право “, рече уште Захариева за БТВ.

Вицепремиерката вели дека Бугарија не може да ја признае руската анексија на Крим.

„Не само затоа што сме членка на Европската унија каде имаме многу јасна позиција по ова прашање. Не постои начин тоа да се случи. Не е во национален интерес на Бугарија да признае нелегална анексија“.

САД и Русија разменуваат воени закани