Нема назад за висококатниците на МПЦ кај ГТЦ

Фирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква (МПЦ-ОА) можат да почнат со градење на првата од трите кули кај „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје. Барањето за добивање градежна дозвола е станато правосилно, односно потпишана е градежна дозвола од градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и сега инвеститорите немаат никакви пречки да почнат со градба.

Градоначалникот Саша Богдановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека нема никакви пречки да се почне со градба кај „Холидеј ин“.

„Нема жалби по однос на барањето за градењето за кое се платени комуналиите. Откако пропадна можност за суспензија на Деталниот урбанистички план за тој дел, не постојат никакви пречки да се гради и барањето за градба стана правосилно“, вели градоначалникот Богдановиќ за сдк.мк.

Повеќе детали на овој ЛИНК