Нема македонски глас без почит за Македонија, канадските партии добија услов

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов бара Македонците во Канада да не ги даваат своите гласови на канадските партии кои не ги почитуваат Македонците и нивното право на користење на исконското име.

“Македонци во Канада, кога кандидати на изборите ќе ви побараат да истакнете нивен знак,кажете им дека единствениот знак што ве интересира е ова: #OurNameIsMacedonia (#НашетоИмеЕМакедонија). Ако политичарите не го бранат нашето име и основни права, ќе го загубат македонскиот глас”, пишува Николов.