Нема компјутери за онлајн настава, но има лаптопи за ДЗС, и тоа за 3,2 милиони евра!

Во ситуација кога 40 илјади ученици од основното образование немаат компјутер за онлајн настава, Државниот завод за статистика ќе се поднови со 5.650 лаптопи со вкупна вредност од 3,2 милиони евра.

Точната сума на склучениот договор меѓу ДЗС и победникот на тендерот „Македонски телеком“ е 199.498.110 денари (3.243.872 евра) или во просек 574 евра по лаптоп.