Граѓанин, до редакцијата наExpres.mk вчера испрати фотка од предизборен билборд во центарот на Куманово каде на слика е екс-премиерот и поранешен лидер на СДСМ Зоран Заев.
Не е јасно од кој период е рекламното пано со порака „Можеме уште повеќе , уште…“ со оглед на тоа дека Заев веќе десетина месеци не е ништо од споменатите функции, а поминаа две години од последните парламентарни избори – ако од тогаш датира се уште добро очуваниот билборд.
Се чини, нема маж кој може да посегне по ликот и делото на Заев – па дури и ако е на предизборен плакат.
