Нема доволно попишувачи, но пописот нема да се одложува

Поради слабиот одзив, конкурсот за реонски попишувачи е продолжен по трет пат и за уште една недела и ќе трае до 24-25 август.

Според директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски и по истекувањето на вчерашниот рок за пријавување, ситуацијата е иста како и претходно, пак најслаб одѕив има во скопските општини, во Струмица, Ново село и во реоните со мнозинско албанско население.

„Не знам точно колку попишувачи ќе фалат, бидејќи и да има 10 илјади пријавени, ако не дојдат на тестирање, бројката нема да биде точна“, вели Симовски.

Тој смета дека 25 до 45 денари за 21 ден работа се добра мотивација. Доколку не се обезбеди потребниот број попишуваче, тогаш на досега пријавените ќе им се дадат и дополнителни реони за попишување и дека, во никој случај, нема да има одложување на статистичката операција која треба да стартува на 5 септември.

И премиерот Заев со изјава дека нема да има повторно одложување на пописот кој требаше да се одржи во април:

„Не само што не смееме да размислуваме за одложување на пописот, тук тоа е наша обврска, наша должност. Сите сме заедно во оваа работа .Да спроведеме попис, затоа што тоа е статистичка операција која е насушно потребна за сите наши економски планови и предвизвици кои ги имаме пред нас. И конечно по 20 години да ја спроведеме како статистичка операција“, изјави премиерот Заев.