Нема договор за избори!

На средбата кај претседателот на државата Стево Пендаровски, вечерва не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори.

„Не успеавме да постигнеме договор. Оставивме можност во текот на утрешниот ден доколку една од страните заклучи да се слушнеме – да се слушнеме“ изјави Заев по средбата.

„Во интерес на процесот, во интерес на сложеноста на целата ситуација, донесовме заеднички заклучок претседателот преку соопштение да информира и во деновите кои следат ќе имате дополнителни информации како ќе се развиваат настаните. Она што е важно е дека до овој момент сè уште нема договор“, рече Мицкоски.

Зоран Заев и Христијан Мицкоски се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.