Министрите за енергетика на ЕУ на средбата во Луксембург не успеаја да се договорат за лимитот на цената на гасот во Унијата и ја одложија расправата за тоа прашање за еден месец.
Целта на средбата беше да се олесни постигнувањето компромис преку преговори, за да се намалат цените на бензинот.
Во пресрет на состанокот во Луксембург, Европската комисија преку нон-пејпер ги предупреди земјите дека ограничувањето на цената на гасот, кој се користи за производство на електрична енергија во цела ЕУ, може да предизвика зголемување на употребата на гас и извозот на електрична енергија.
Норвешка е против предлогот на ЕУ да се постави вештачка граница на цената на рускиот природен гас, објави Министерството за нафта и енергија на земјата.
„Тоа може да го влоши проблемот со кој веќе се соочува Европа – со можен недостиг на гас“, изјави Штајн Гримсруд, портпарол на норвешкото министерство.
Министерството, исто така, ги потврди плановите за испорака на околу 122 милијарди кубни метри гас до ЕУ оваа година. За споредба, Русија до 2022 година испорачувала околу 130 милијарди кубни метри гас на блокот преку гасовод и 20 милијарди кубни метри течен природен гас (ТНГ) годишно, пренесува Раша тудеј.