Претставници од приватните превозници велат дека денеска ќе имаат координативен состанок на кој ќе се одлучува како ќе се одвива утрешниот протест откако не е поостигнат договор со Град Скопје за исплата на парите што им се должат.

Според „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ ЈСП и Град Скопје им должи околу 1,5 милиони евра.


Наместо да се разговара за ова, гадоначалничката Данела Арсовска најави дека ќе се распише нов јавен повик на кој ќе можат да се јават приватни превозници.

Протестот може да се одвива како претходниот, со блокада само на раскрсницата кај Мавровка, или 200 нивни автобуси ќе блокираат неколку раскрсници во центарот на градот со што може да дојде до целосна блокада на сообраќајот во главниот град.