Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, според кој безбедносниот интерес на Алијансата е да продолжи да ја поддржува Украина во нејзината борба против руската инвазија.
„Поддршката на Украина е најдобриот начин да се зголемат шансите за мирно решение“, категоричен беше Столтенберг.
„НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно. Нема да отстапиме“, увери шефот на НАТО.
Одлуката дали да се испратат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина зависи од конкретните земји, Столтенберг го коментираше и барањето на Полска Германија да испрати такви системи за противвоздушна одбрана во Киев.
Тој појасни дека одлуките за конкретни системи се носат на национално ниво и додаде дека договорите за крајните корисници и дополнителните аранжмани понекогаш значат дека е неопходна консултација со другите сојузници.
