Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, и на Законот за политичките партии, поднесен од СДСМ, денеска се на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности го оцени негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд.

Ова тело излезе со став дека нема позитивно мислење за да се формира културен клуб со ова име, со оглед на тоа што, како што јави МИА самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани не е позитивна личност.

Пратениците пред две недели дадоа зелено светло Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се донесе по скратена постапка.

Со законските измени кои ги предлага опозициската партија, би требало да се стави крај наотворање здруженија и фондации чии програми и цели се насочени кон уривање на уставниот поредок на земјава, кон поттикнување на воена агресија, како и кон разгорување национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, како и преземање активности поврзани со тероризам или активности спротивни на Уставот.

Измените на овој закон предвидуваат дека за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда, по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности.