Идните македонски амбасадори нема да можат да имаат двојни државјанства, стои во измените на законот за МНР што ги предложи министерот за надворешни, Бујар Османи.
„Во однос на шефоците на ДКП-ата го зацврстуваме решението дека само државјани на Р Македонија можат да избрани за шефови на ДКП односно за амбасадори, но тоа што е исклучително важно е дека поставуваме минимален лимит од 75% од амбасадорите да бидат од МНР, односно професионални дипломати“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Предлог-измените не ја исклучуваат собраниската Комисија за надворешна политика од процедурата за назначување на амбасадорите, но Османи рече дека ќе се бара решение како тоа да не ги кочи нивното испраќање во мисиите.
Османи најави дека деновиве ќе има консултации со претседателот на државата околу попонувањеето на последните седум амбасади во Вашингтон, Софија, Анкара, Каиро, Бразилија, Отава и Тел Авив и генералниот козулат во Торонто кои се уште немаат шефови на мисии.