На крајот на Мај во кафеана на ручек биле екс шефот на македонскиот Совет на јавни обвинители кој сега е член на моќното тело и виш јавен обвинител Коле Штерјов и директорот на ЕСМ (ЕЛЕМ) и кадар на СДСМ Васко Ковачевски.

Средбата е објавена еден ден откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави документи од кои се гледа дека на фирма која добила тендер во РЕК Битола екс директор и лице заведено како Вице Н. била рекетирана.
Истиот ден Јавното обвинителство за организиран криминал објави дека ќе се занимава со случајот на Рекет во државната компанија.

Од овој аспект интересно би било Ковачевски и Штерјов да одговорат на неколку прашања:

1. Дали Штерјов и Ковачевски разговарале за предистрагата за Рекетот во РЕК Битола што била започната само часови предходно?

2. Дали Ковачевски барал добивал правни совети за случајот Рекет во РЕК Битола или од Штерјов барал совети како да набави струја за зимава?

3. Дали станало збор за вработување на (нај)близок роднина на Штерјов во ЕСМ каде Ковачевски е директор?

4. Дали двајцата на сликата имаат службени или приватни односи за кои јавноста не знае?

5. Дали по средбата Штерјов имал некаков контакт со предистрагата или истрагата за Вице Н. во случајот Рекет во РЕК Битола?

6. Дали Штерјов како член на Советот на јавни обвинители имал пристап или учествувал во расправа во обвинителски предмети во кои се директно или индиректно инволвирани луѓе, обвинители или други лица поврзани преку партија или бизниси со РЕК Битола, со Ковачевски и со лицето Вице Н.?

Откако во август утврдивме дека цели 500 од пријавата на рекет од Вице Н. дена нема напредок во истрагата во која треба да се гони братот на премиерот обвинителството се уште молчи.

Што објавивме во август:

Кој го саботира случајот Вице Н. и рекетот во РЕК Битола? – пишува Горан Момироски

Скандалот во РЕК Битола избувна еден ден пред објавата на средбата меѓу директорот на ЕСМ под чија надлежност е и битолската термоцентрала која сега едвај работи.

Скандал РЕК Битола: Директор барал од 50 до 99 % трансфер на бизнисот

Фотографијата е објавена на социјалните мрежи