Некој сакал да добие поткуп за набавка на вакцини?

Истрага и одговорност од министерот Филипче и други функционери за дебаклот при набавката на вакцини бара професорката Мирјана Најчевска која во прашална форма дава неколку можни причини зошто Македонија се уште нема набавено вакцини.

Меѓу нив е и опцијата дека некој во власта барал поткуп односно корупцијата спречила набавка на вакцини.

“Зошто државата не купила вакцини?
Немало пари? Некој сакал да добие поткуп? Некој имал личен интерес?Некој не си ја завршил работата? Во секој случај за вакво нешто,мора да биде разрешен министерот за здравство и да се спроведе истрага за инволвираност на други функционери во власта”, пишува Најчевска.

Прашањата се логично во моменти кога се откри дека Македонија е на 111 место во светот според инфексто за мерење на корупција а вицепремиерот одговорен за оваа тема се занимава со ажурирање на партиските книшки.

Македонија е една од ретките земји на глобално ниво која долго време не успеа да набави а во моментов има на располагање само 4680 вакцини кои и ги подари Србија.