Некогашен кадар на МТВ во времето на ВМРО-ДПМНЕ сега портпарол на владата им забранил пристап на колеги на гробот на Гоце Делчев

Владината прес служба каде еден од главните шефови е портпаролот на владата Душко Арсовски им забранил на свои колеги да известуваат од роденденот на Гоце Делчев.

Арсовски во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше уредник во МТВ од каде дојде за портпарол во владата како кадар на СДСМ.

,,Војната на власта со медиумите зема замав. Откако Али Ахмети, Димитар Ковачевски, Крешник Бектеши… им залепија шлаканици на телевизиите, се сетија на стариот медиумски непријател „Република“. На новинарите и на фоторепортерот на „Република“ и „Пресинг“ не им е дозволен пристап на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев”, пишува Република во реакцијата за јавното одбиената акредитација.

,,Доцна попладнево, по 18 часот, од владината прес-служба простигна одговор на барањата за акредитација за утрешното чествување на Гоце Делчев. Иако новинарите Игор Чавески и Предраг Димитровски и фоторепортерот Александар Ивановски уредно и во предвидениот рок поднесоа барање за акредитација, попладнево добија сувопарна порака од Владата дека барањата не се одобрени. Во мејлот од Владата нема никакво образложение зошто се одбиени”, пишува Република.

Засега нема информации дека владата и Арсовски забраниле присуство на некој медиум на албански јазик или на медиум од Бугарија.