“Нејзнајни чешми” и незгодни прашања ја кутнаа конекцијата на Шилегов со Советот на град Скопје

Нелагодна ситуација се случи денеска во советот на Град Скопје откако советникот од редовите на ГРОМ и портпарол на партијата, Александар Трајановски на седницата за советнички прашања го праша градоначалникот каде се поставени чешмите платени пред една година и каде во главниот град има новоизградени чешми.

Трајановски открива дека Градот Скопје константно врши набавки од едно правно лице три години по ред и тоа висина од 2 милиони денари за 2019та години, а набавките во 2020 и 2021 се идентични и со цени од 4 милиони и 700 илјади денари.

Оваа правно лице работи исклучиво со Град Скопје, а освен чешми продава и клупи и корпи за отпадоци.

Корпите за отпадоци и контејенерите беа дел од второто советничко прашање на советникот Трајановски.

-Како може правно лице од кое Град Скопје врши набавка на контејнери, а многу брзо и набавка и на подземни контејнери во висина од 30 милиони денари, истото правно лице кое патем има тројца вработени да работи и на новогодишно украсување во повеќе општини во Град Скопје и други општини низ македонија и тоа за само еден месец, запраша тој.

Kaко што спомена и Трајановски фирма со тројца вработени го кити Скопје и скопските општини со новогодишни украси, а истата фирма го кити Скопје со контејнери, корпи за отпадоци, продава терапија за корона вирус на болницата 8ми Септември, а во времето што им преостанува сервисираат и продаваат пумпи и електро мотори.

По поставените прашања градоначаникот, Петре Шилегов не се јави за одговор, а за кратко потоа беше прекината Зум конференцијата преку која се одржуваше седницата на совет на Град Скопје.

Официјалното образложение е дека се прекинала конекцијата.