Импресиониран од настапот на Зоран Заев во „Дневникот“ на Сител, политичкиот аналитичар од Кавадарци и апологет на власта Ненад Јовановиќ се надмина себеси во фалењето на лидерот на СДСМ и премиер.

„Го приметувате Заев на Сител како природно, нормално и човечки зборува? Ја приметувате ли таа неисфолираност политичка, ја приметувате ли таа граѓанственост, таа искреност, отвореност и верба за просперитетна и квалитетна држава? Ја приметувате ли таа базична чесност?

За разлика од Мицкоски и таа негова скаменетост, таа негова стерилност пред камери, и таа негова исфолираност, таа негова пизма, плукање зачинето со лажна ‘професорска’ надменост, малтене допира секогаш до ‘латентен расизам’.

Па, драги пријатели, тоа е сета разлика на овој свет. Тука се гледа кој е и што е, тука се гледа разликата за тоа каде земјата ќе се движи. Тука, во овие детаљи, се гледа јасно кој е човек и што му е драго.

Премиерот Заев е човек пред сè, а потоа сè останато. Тоа е многу важно и за правецот на државата и нашите животи во таа држава. Нам ни треба ‘очовечен човек’, ако ме разбирате што сакам да кажам. Затоа го бирам и ќе го бирам премиерот Заев со неговата политика. А тоа, велам уште еднаш, е сета разлика на овој свет и век“, стои во антологиското „пофално слово“ на Јовановиќ за неговиот омилен политичар.