Неготинецот кој деновиве ја претепал жената со којашто живеел во вонбрачна заедница, ќе ќе одговора за потешко кривично дело, откако таа почина, потврдија попладнево за МИА од Јавно обвинителство Кавадарци.

„Постапката против него е во тек. Тој останува во притвор. Отворена е истрага и таа е во тек. Кога ќе има обвинение, ќе ја информираме јавноста“, рекоа од Обвинителството.


Првично, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен жител на Неготино за кого постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело – тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

„На 2 август, по вербална расправија, осомничениот извршил семејно насилство врз жена со која претходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. Тој повеќе пати ја удирал со бокс во главата, а потоа ја турнал кон туш кабината во бањата. Оштетената паднала и се здобила со тешка телесна повреда од која западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје“, информираа тогаш од Обвинителството.

Жртвата и сега вече починатата, беше мајка на две полнолетни деца, а со П.Н. од Неготино била во врска подолг период.