Власта немало да дозволи да се урнат 50 000 дивограби оти голем број луѓе ќе останеле без своите домови. Со оваа причина го турка Законот повторно во Собрание кој предвидува легализација дивоградбите.
Откако претседателот Пендаровски не го потпиша указот за Законот, и во јавноста измами низа позитивни реакции и пофалби, законот повторно ќе минува низ собранискиот филтер, оти премиерот Заев и вицепремиерот Николовски имаат намера тој Закон да се изгласа. Но критиките во јавноста и стручната фела се множат, а Власта е глува на укажувањата дека овој Закон ќе биде штетен по македонското општество и македонските граѓани. Пендаровски одби да стави параф со кој, како што многу коментираат, ќе се направело амнестија на многу криминали, но и понатаму врие од негативни коментари дека шефот на Владата како да сака да постигне легализација на криминалот и корупцијата, за неработата на градежните инспектори и корумпираноста на локалната самоуправа.

Власта го поздрави потегот на Пендаровски, вети дека ќе ги разгледа неговите забелешки на законот, но не се откажува од легализацијата на дивоградбите. Заев смета дека без ваков закон локалната самоуправа веќе од утре ќе мора да ги урива домовите на 50 илјади сиромашни семејства кои немале пари да ги платат комуналиите.

Но, невладините организации, активистите, јавноста во овој обид на власта препознава озаконување на криминалот и зачувување на владината коалиција.

Еве дел од од тие реакции кои ги пренесува мкд.мк

„Нема поголема корупција од тоа кога политичари имаат одреден интерес и со помош на својата службена положба носат закон со кој одредени луѓе остваруваат приватни придобивки од нешто што е криминал“.

„Законот дозволува легализација и на дивоградби изградени во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачја на заштитено недвижно културно наследство. Вакви градби немаат сиромашни граѓани, туку криминалци на власт и партиски богаташи и клиенти кои не почитуваат закони и прават што сакаат“.

„Законот значи легализирање на кривично дело, амнестирање на докажани криминалци, законот значи предизборен криминал, законот предвидува дополнително уништување на природата и животната средина, законот значи дека власта и опозицијата се во спрега кога се во прашање нивните интереси и имоти…“.

„Тие што потпишале 50.000 документи за режиски приклучоци и други документи потребни за градба, имаат многу повеќе од само еден кров над глава.

Кривично да ги гоните тие што потпишале документ за вградување на 50.000 водомери, вградување на 50.000 струјомери, потписниците на 50-те илјади одобренија за градба, потписниците на 50-те илјади одобренија за ѓубретарина… Горенаведените потписници од мито имаат по неколку кровови над глава.

„Криминална власт која ги повторува законите на режимот и колаборационистичка опозиција која уште нема платено за своите гревови, работат заеднички против државата и граѓаните“.