Продавниците во Словенија во недела и за време на празници ќе бидат затворени, одлучија пратениците во Парламентот .
Од оваа забрана за работа во недела се изземени продавниците со простор до 200 метри квадратни на бензинските пумпи, граничните премини, пристаништата, аеродромите, железничките и автобуските станици и болниците.
Прашањето дали продавниците треба да работат во недела, ја мачи јавноста во Словенија веќе со децении. Со оваа проблематика се занимаваше Уставен суд, а во септември 2003 година на референдум 57 % од граѓаните гласале за забрана.