Нечовечки напад од идеолог на СДСМ кон професорката Силјановска како можна кандидатка за претседател

Медиуми блиски на Бихаќка пренесуваат мизерен и нечовечки напад – колумна од идеолог на СДСМ кон професорката Гордана Силјановска Давкова како можна кандидатка за претседател на Македонија.

Во својата последна колумна екс амбасадорот Ѓорѓи Спасов кој и самиот имал желба да биде кандидат за претседател во долг текст прави обид да ја дисквалификува Силјановска од трката за претседател правејќи повеќе етички прекршоци меѓу кои дискриминација на основа на старост и полова припадност.

Спасов во агресивната колумна пишува дека Силјановска има 69 години што е дискриминација врз основа на таканаречен ,,ејџизам” односно старост и предвидува дека таа за разлика од Киро Глигоров кој стана претседател на 74 години нема амбиции за втор мандат.

Спасов смета дека Силјановска затоа што е жена не може да врши втор мандат на нејзини 74 години за разлика од Глигоров кој својот втор мандат го почна на 79 а го заврши на 84 години.

,,Кога една партија ќе избере свој кандидат за претседател на државата на 69-годишна возраст, кој за разлика од Киро Глигоров, веројатно нема амбиција за неговор реизбор по завршувањето на функцијата, и ако тој биде избран на таа функција, може многу лесно да стане голема промашена инвестиција на партијата како Данела.

Таквиот кандидат ако ја добие функцијата, ќе има амбиција да дејствува како еден вид „просветител“, кој на партијата што го избрала, па и на сите во земјата, ќе им дели лекции за тоа што е право, што е правда, што е Устав, владење на правото….”, пишува Спасов во една од најглупите колумни во македонската историја.

Зошто Спасов врши дискриминација кон Силјановска треба да објасни самиот пред јавноста но ова е тема и за државната Комисија за антидискриминација која пред себе има класична дискриминација на потенцијална кандидатка за претседател врз основа на пол и старост.

Семејната фирма на Спасов Рејтинг која добива голем број државни тендери добро ги знае рејтинзите на Силјановска меѓу граѓаните и не у му е јасно дека ако професорката се кандидира таа ќе го победи било кој кандидат на СДСМ убедливо и затоа е јасна целта на идеологот на СДСМ.

Спасов беше амбасадор и министер за правда на САД и минатата година се споменуваше како еден од кандидатите за претседател на СДСМ но испаднаа од трката кога на анкетите не можел да собере ниту еден процент од гласовите.

За време на двата кандидати за претседател Ѓорге Иванов во 2009 и 2014 година Спасов беше негов најголем критичар но Иванов тогаш се прошета на претседателските избори.

Пред десетина години Комисијата за верификација на факти го лустрираше поранешниот генерален секретар на СДСМ, министер за правда и амбасадор во Велика Британија, Ѓорги Спасов, поради соработка со тајната служби од идеолошки и политички причини.

Во решението што јавно го објавија лустраторите, стои дека три досиеја во Државниот архив ја докажуваат оваа соработка, во кои како извор на информации се јавува токму Спасов за лица кои делувале од анархолиебарлистички позиции.

Спасов подоцна демантираше дека соработувал со тајните служби кодошејќи демократски личности.