Не злоупотребувајте го финскиот модел за бришење на Македонија, бара Македонка од Финска

Сузана Поповска Абенет, раководителка на биомониторинг во Финскиот институт за професионално здравје, бара да не се злоупотребува финскиот образовен модел за бришење на македонскиот идентитет.

„Може ли финското Министерство за образование и култура Opetus-ja kultuuriministeri ö и Управниот одбор за образование Opetushallitus – Utbildningsstyrelsen да реагираат за злоупотребата на финскиот образовен модел за политиката на Владата на Македонија и на министерката Мила Царовска?

Ве молам, не давајте шанса за злоупотреба на финскиот образовен модел за собирање политички поени и за бришење на Македонија, на македонскиот јазик и на македонската историја!“, побара Поповска Абенет.

https://www.facebook.com/suzana.abenet/posts/10224519082634269