Над 1.300 луѓе се приведени во десетици градови во Русија за време на протестите против делумната мобилизација најавењна од рускиот лидер Владимир Путин.
Московското обвинителство соопшти дека учеството во протести и недозволени „масовни настани“ е казниво дело што може да резултира со „до 15 години затвор“.
Стотици луѓе беа уапсени во Санкт Петербург и Москва, додека се појавија фотографии од полицијата како користи палки против демонстрантите.
Во третиот по големина руски град Новосибирск, на видео објавено на социјалните мрежи се гледа како демонстрант извикува: „Не сакам да умрам ниту Путин ниту за тебе!“
Организатор на протестите е руското движење „Весна“ кое повика на протести. На социјалните мрежи се објавени видеа од протести во источниот дел на Русија, во во Новосибирск, Иркутск, Томск и други градови.
