Нема да се молчи за насилство на “локални бандити на ДУИ”

Партијата на Билал Касами тврди дека Советник на ДУИ физички нападнал советник на БЕСА во Охрид.

Од БЕСА велат дека нападот врз нивниот советник Џелал Мена од функционерот на ДУИ Нефи Усеини е пријавен во полиција и дека и сите странски амбасади ќе бидат известени, а движењето БЕСА ги повикува сите надлежни органи сериозно да го разгледат нападот врз партискиот функционер и претставник на граѓаните на Охрид.

“Стравот и паниката во ДУИ јасно се гледаат како криминолошките акции се приближуваат до крај. По апсењето на државниот секретар од редовите на ДУИ и објавувањето на бомбите за водачите на оваа партија, во последните денови, ја изгуби ориентацијата, гледајќи колку е криминален и корумпиран овој политички субјект. Движењето БЕСА нема да молчи за акти на насилство што може да ги практикуваат локалните “бандити” на ДУИ. Исто така, апелираме до други политички партии да го осудат насилството извршено од страна на ДУИ и сите колективно да ги изолираат и да ја испратат во историјата оваа структура на корумпирани и криминализирани кои ја држаат во заложништво иднината на Албанците”, стои во соопштението од БЕСА.

Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот и информираат дека лицето Џемаил Мена советник од редовите на БЕСА, телефонски пријавило дека во просториите на Општина Охрид, физички бил нападнат од лицето Нефи Усеини од ДУИ и двајцата од Охрид.

Усеини предходно и стана познат на јавноста откако избрка инспектори кои сакаат да урнат негова дивоградба а потоа пцуеше новинари.