Популарниот фолк музичар Ефто Пупиноски ја информира јавноста дека нема да настапи на прославата по повод Денот на независноста на Македонија, која ќе се одржи денеска во Пеленица, како што беше најавено.

Тој веста ја објави на својот официјален профил, потенцирајќи дека „Ефто нема да биде нечија замена, а од што е толку оргинален самиот по себе е незаменлив“.

„Сакам да Ве информирам дека Ефто Пупиноски НЕМА ДА НАСТАПУВА на прославата по повод независноста на Република Македонија која ќе се одржи на ден 08.09.23 г. на Пеленица, општина Кисела Вода.
Исто така, нагласувам дека Ефто нема да биде нечија замена, а од што е толку оргинален самиот по себе е незаменлив“, стгои во објавата на неговата Фејсбук страница.

Името на Пупиноски вчера беше објавено на рекламниот плакат на организаторот – Општинската организација на СДСМ – Кисела Вода, на местото на неговиот колега Јордан Митев, кој го откажа гостувањето, бидејќи се работело за партиски настан.

Освен на Пупиноски и на Митев, откажани се настапите и на Адријана Кеш, Татјана и Новица Василевски, Мерак Меана…

Засега остануваат најавите дека ќе настапат Сузана Гавазова, Сања Барби, Благоја Грујовски, диџеј Фичо и Виолета Пандовска. Плусинфо