По само околу 4 месеци не работи проект за кој владата се фалеше со денови а за кој се потрошени околу 200 илјади евра од парите на граѓаните.
Проектот за кој Владата на Република Македонија во февруари правеше демо-симулација за првиот дигиталниот асистент во јавниот сектор наречен „АДА“ веќе не работи, тврди ИТ инжинерот Сенад Оруч.
Откако видел дека прескапо платениот систем на владата не работи Оруч дизајнирал сличен систем за само 19 долари што укажува на индиции за сериозен криминал при набавката на АДА.
,,Ви текнува ли на „Дигитален асистент ADA“ кој не чини повеќе од 200.000 долари? Па, да ви кажам дека НЕ РАБОТИ, побарав помош за инвестирање во „стартап за сајбер безбедност“ и добив одговор дека не може да ми одговори на прашањето.
После тоа, создадов сопствен AI/ML асистент за само 19 долари и го обучив со јавни податоци што ги имам на investnorthmacedonia.gov.mk и го поставив истото прашање како на „ADA“ и добив одговор”, објави инжинерот.
Dali vi teknuva za "АДА дигитален асистент" što ne koštaše nad 200.000.$ ? E pa da vi kažam deka NE RABOTI, pobarav pomoš vo vrksa so investiranje u "startup za cybersecurity" i dobiv odgovor deka ne moze da mi odgovori na prašanjeto.
Posle toa si kreirav moj spostven AI/ML… pic.twitter.com/xru3MBfYsP
— Senad Aruc (@senadaruc) June 13, 2023
Преку прескапиот дигитален асистент кој веќе не работи, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори требаше да ги добиваат сите релевантни информации и да се запознаат со достапните програми и отворени повици и гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за бизнисот во реално време.
,,Апликантот „Кодвел Анлимитед“ кој на објавениот јавен повик беше оценет во конкуренција на три проекти како најиновативната идеја за дигитален AI асистент за чија реализација државата преку Фондот за иновации и технолошки развој обезбеди девет милиони денари од буџетот на ФИТР, изврши симулација како во пракса ќе функционира „АДА“, базиран на вештачка интелигенција, која за прибирање на информации комуницираше со дел од институциите кои се јавуваат како даватели на државна помош, и тоа: Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и Фондот за иновации и технолошки развој”, објави во февруари заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.
Како што појасни во февруари Битиќи, преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори требаше да ги добијат сите релевантни информации и да се запознаат со достапните програми и отворени повици и гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за бизнисот во реално време.
,,Со воведување на дигиталниот AI асистент до 80 проценти ќе се автоматизираат сите интеракции со корисниците, што ќе придонесе до голема заштеда на ресурси, проактивна комуникација со граѓаните, намалување на метежот во институциите, како и поефикасни и поефективни процеси, услуги и зголемување на продуктивноста на вработените. „АДА“ ќе биде достапна за граѓаните и заинтересираните странски инвеститори 24/7 и ќе може да даде одговор на сите најчесто поставувани прашања поврзани со Програмите за државна помош на Владата на Република Македонија”, додаде вицепремиерот според кого оваа дигиталната алатка има за задача да ја олесни комуникацијата и пристапот до информации на домашните и странските компании и инвеститорите.
,,Дигиталниот асистент е способен за брзо учење, ќе овозможи комуникација со корисниците преку текстуални пораки, да го прилагоди својот јазик и тон врз основа на контекстот, да разбере и одговори на македонски, албански и англиски јазик и лесно да се ажурира во реално време. Дополнително, преку асистентот корисниците ќе можат да ја проверат и подобноста на своето претпријатие за некои од отворените повици, додека претпријатијата кои пак се интересираат за некоја од програмите, ќе можат да бидат информирани од страна на асистентот и да се пријават за истата преку оставање на потребните податоци, изјави тогаш Битиќи кој тврдеше дека со цел привлекување на поголем број странски инвестиции во земјата, асистентот ќе биде истрениран да ја претстави нашата држава како поволна инвестициска дестинација, притоа ќе понуди персонализиран пристап при комуникација со потенцијални странски инвеститори.
„АДА“ може да ги води потенцијалните странски и локални инвеститори чекор по чекор низ процесот на избирање мерки на финансиска поддршка кои највеќе одговараат на нивните бизнис потреби и се очекува да направи револуција во канцелариската работа”, рече Битиќи.
Четири месеци подоцна скапиот софтвер не работи.