Во очекување на резултатите од битката против корупцијата во Македонија која ја најави амбасадорката на САД Ангела Агелер јавноста се забавува со нејзините гастрономски доживувања низ Македонија.
Откако предходно ја фалеше светиниколската пастрмајлија деновиве таа лобира за гостиварската баклава без да открие во која слаткарница во Гостивар јаде од благиот специјалитет.
,,Баклава во Гостивар е секогаш добра идеја!” (Baklava in Gostivar is always a good idea!) напиша Агелер во своето последно гастрономско доживување на што доби многу коментари.
Во еден од коментарите познатиот политички аналитичар Даме Чкатроски на ироничен начин ја предупредува амбасадорката на домашните пресметки меѓу реалноста и митовите, меѓу западот и истокот, меѓу модерното и старото…
,,Немој Ангела боза да пиеш, од каде што почнува боза да се пие, завршува нормалниот свет”, и сугерира Чкатровски на американската амбасадорка за древниот пијалок кој се доживува како дел од османлиската традиција во Македонија и регионот.
Линк до постот на амбасадорката на САД