Не на Заев, туку Филипче во Собрание да поднесе оставка, вели Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоскиденеска му порача на министерот Венко Филипче, дека Собранието е место каде требал да ја поднесе оставката, а на на премиерот Зоран Заев., а не до премиерот.



„Министерот за здравство видовме дека дал оставка до премиерот, а не до институцијата која го избрала, а тоа е Собранието. И истата таа треба да ја констатира поднесената оставка. Оставката на Филипче од морални причини, нема да ја пренасочи јавноста од кривичната одговорност која мора да ја има“, рече Мицкоски на прес-конференција.

Тој, како што рече, им даде рок до вторник на министерот за здравство и на неговиот заменик да ги достават оставките до Собранието. Доколку не бидат овие оставки, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со другите партии, ќе поднесе предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и неговиот заменик.

Мицкоски потенцираше дека премиерот Заев добивал детали од истрагата, и се плаши дека истите ќе му ги соопшти на, како што кажа, неговиот деловен партнер Венко Филипче.

„Се поставуваат прашањата, на кој начин и каков квалитет е градена болнциата, со каков квалитет, зошто немало ПП апарати, систем за противпожарна заштита, зошто роднините на пациентите се грижат за пациентите и дали тоа е недостаток на медицински персонал. Бараме истрага која ќе биде објективна“, рече Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во следниот период партијата ќе превземе чекори во расчистување на оваа трагедија.