Имаме сериозен проблем како нација (тоа ги вклучува сите: Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, to name but a few):

Не разликуваме критика за направен гест, кажан збор (и слично) од лична навреда.
И оп! – одма се сите непријатели.

Многу е некоректно (ма што некоректно, далеку од прифатливо било каде) што Бектеши не сака да биде наречен “македонски министер”, а е платен од државата Македонија, т.е. од нас;

што нема македонско знаме при посета;
што Таљо (поранешен дезертер од АРМ и командант во УЧК, а сега претседател на собрание) се однесува како што се однесува во собрание;

што Андреа го фрлила македонското знаме;
што Тамара и Нина ја погрешија македонската химна;
итн;

но тоа не значи дека некој нив треба да ги мрази како луѓе и дека треба да се напаѓаат со лични навреди.

Ако вам не ви се допаѓа овој (или било кој) мој пост (на пример), тоа не значи дека треба да ме мразите зашто имам поинакво мислење. Тоа мислење во дискусија, здрава, нормална и аргументирана, може и да се смени.

Уште помалку значи дека треба да ме вреѓате вулгарно и простачки.
Со навреди не се променува мислење.
Ниту пак значи дека јас треба да ве сметам за непријатели, ако не се сложуваме по било кој основ.

Пример, велам.

Зрелоста на демократијата е во разговорот,
па и во we agree to disagree.
Ама, далеко је сунце 😐

Фејсбук статус на професорката на Факултетот за музичка уметност Дарија Андовска