Фалбата на вицепремиерот Љупчо Николовски за запленет путер предизвика многу шеги на социјалните мрежи но и сериозни анализи.
Адвокатот и еден од лидерите на партијата “Твоја” смета дека се работи за свесен гаф на Николовски нарачан од партиските пропагандисти на СДСМ.
“Ова со путерот може да биде само партиска задача за Николовски да се изглупира јавно со цел да се сврти фокусот на јавноста од скандалот со вакцините. Не е возможно да е толку глуп без наредба да го постира ова”, пишува Тортевски за потегот на вицепремиерот Николовски кој молчи за низа афери во кои се инволвирани низа владини претставници а се фали за заплена на путер и бара одговорност.
Ова со путерот може да биде само партиска задача за Николовски да се изглупира јавно со цел да се сврти фокусот на јавноста од скандалот со вакцините. Не е возможно да е толку глуп без наредба да го постира ова.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) March 13, 2021
Афера Путер
Акција: Рашковски не е уапсен но запленет е путер со изминат рок