Вицепремиерот за корупција и криминал и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски најавува закон за конфискација на имот.

Тој во интервју за Слободен Печат посочи дека на Нацрт дискусијата за законот биле присутни членови од советот на Европа, ДКСК, обвинителите и судиите, а нацрт законот се очекува да биде готов до крајот на август., а потоа следува јавна дебата, но се очекува и политичките чинители да се приклучат и да дадат поддршка.

“Не може да возите кола од 50 илјади евра, да имате 5 стана или викендици и да не ви може никој ништо. Кривичните постапки не се ефективни нема конфискација, ДКСК нема ниту една конфискација, УЈП не успеала да го процесуира тоа. Како генерација сме различни и достојни и ќе држиме до целта. Законското решение се изработува на база на јасна физибилити студија и се спроведува во 10 тина земји, не бараме нови ингеренции туку законско решение за никој да не се збогатува на грбот на граѓаните”, рече тој.

Опозицијата тврди дека компанија на братот на Николовски откако тој дојде на власт за една година имала раст на приходи од над 2000 %.

Какви коментари доби Николовски

Народот си ги кажува своето

Те поздрави Луи Витон: Вицепремиерот за корупција не очекуваше дебакл во коментарите