Не кради, се снима!

Луѓе крадат средства за дезинфекција на раце, судејќи според коментарите под вчерашната објава на страницата „Дневна доза на просечен далматинец“, јавува Индекс.хр.

На популарната страница на социјалните мрежи во Хрватска се појави фотографија од средството за дезинфекција, со предупредување да не го крадат затоа што е под видео надзор.


Фотографијата предизвика поделени реакции, а многумина пишуваат дека тоа навистина се случува:

„Врзете го, докажано е дека работи. Тоа одсекогаш се прави со моливи, сега и со средства за дезинфекција и нема грешка, никој не ги допира”, е еден од коментарите.