„Не ја предавајте Македонија“ – порака од партијата на Каракачанов до властите во Софија (ВИДЕО)

Протестната демонстрација е насловена „Не ја предавајте Македонија“ беше организирана денеска во бугарскиот град Кресна од страна на партијата на Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД.

Тие демонстрираа против евентуалното паѓање на бугарското вето на преговорите за влез на Македонија во ЕУ, јавува бугарска Нова ТВ.

„Од 4 мај одржуваме различни акции за да покажеме дека владата не е надлежна за нашите односи со Северна Македонија. Историската вистина е на наша страна“, изјави Владимир Митов.