Нема доставено информација за договорената рамка за надминување на спорот за името до шефот на државата, соопшти Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов.
„До Кабинетот на Претседателот нема доставено информација за договорената рамка за можно решение на разликата околу името, ниту информации за последните две средби на министрите за надворешни работи во Брисел и во Њујорк“, наведуваат од кабинетот на Иванов, пренесе РСЕ.
До Иванов не бил доставен ниту предложениот пакет за името Република Илинденска Македонија и од кабинетот велат дека „се врши селективно информирање на македонскиот претседател“.