Профил на Твитер кој е познат како непријателски настроен кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и неговата партија признава дека со вчерашното присуство на Мицкоски во Благоевград на отворањето на клубот на Македонците во Бугарија, владеачката СДСМ доживеала голема политичка мизерија во која премиерот Ковачевски наликувал на политичко џуџе.
Ковачевски ниту некој негов министер од СДСМ не се појавија во Благоевград за да им дадат поддршка на Македонците во Бугарија.
,,Иако воопшто не го почитувам Мицко, а не ги сакам баш вемерофците, денес направија сдс да личи на гоблинска секта, а Таче на политичко џуџе”, пишува непочитувачот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Иако воопшто не го почитувам Мицко, а не ги сакам баш вемерофците, денес направија сдс да личи на гоблинска секта, а Таче на политичко џуџе
— SharpeningStone (@eol0iw) October 30, 2022
Поддржувачите на опозицијата потегот на Мицкоски го оценуваат како голем.
Напаѓан дома, напаѓан надвор, опкружен секогаш со брдо хиени! Но, на крајот секогаш ја добива битката! @MickoskiHM ⚫️🔴 pic.twitter.com/K8Tv3bS7FN
— Мaрга (@MKDProLet) October 30, 2022
Мицкоски во Благоевград беше цел на вербални напади од бугарски радикали кои беа спречени од полицијата да сторат и физичко насилство кон лидерот на македонската опозиција.
Бугарската полиција спречила физички напад на бугарски националист врз Мицкоски (ВИДЕО)