Не ги оставајте, спасете ги македонските граѓани – дипломатка апелира владата да организира евакуација од Израел

Не ги оставајте на милост на други држави, спасете ги македонските граѓани, апелира до владата дипломатката од кариера Викторија Трајков која бара владата веднаш да организира евакуација од Израел за носители на македонски пасош.

,,✔️Србија веќе подготвува ВТОР чартер лет за евакуација на своите граѓани!
✔️Албанија организираше чартер за своите!

Каде е Македонија ?

❌Македонија зависи од некадарноста на некое ситно функционерче во МНР!

🆘Засукајте ракавите, спасете ги македонските граѓани, зошто за многу брзо ОДГОВОРНОСТ ќе има! Не ги оставајте луѓето на милост на други држави или да се снаоѓаат самите како знаат и умеат! Платени сте од Буџетот на РМ, одговорноста е ваша”, пишува Трајков откако владата цели три дена не презема конкретна активност за државна евакуација на македонските граѓани од војната зафатениот Израел.

Засега МНР не испраќа авион во Израел туку само објавува информации за македонските граѓани кои делумно во земјава се вратија со албански и српски авион.

Се проценува дека во Израел има уште околу 150 македонски граѓани кои сакаат да се вратат дома.