На социјалните мрежи се споделува „скриншот“ од вест за успехот на владејачката партија на планот на патната инфраструктура во земјава според која изградени се или модернизирани 500 километри патишта.

Проблем е што информацијата што ја објави еден портал е илустрирана со фотографија преземена од српски медиум и од ланска вест за состојбата на патиштатата во таа земја.