Не е виновна ЕУ, Владата не побарала пари за борба со Ковид-19 (ВИДЕО)

Македонија не се најде меѓу 17 земји членки и 3 земји во процес на пристапување кои добија вкупно 530 милиони евра за борба со коронавирусот од Европската унија. Првично бил испратен допис, но потоа како што изјавиле од Европската комисија за ТВ21, државата не испратила конечна апликација.

„Република Македонија имаше право да аплицира и тие првично им се обратија на службите во Комисијата со прелиминарно писмо во кое се наведува нивната намера да аплицираат, но конечно не доставија официјална апликација до единствениот рок до 24 јуни.“, велат од ЕК за ТВ21.

Од Владата изјавиле дека била донесена одлука за аплицирање на владина седница, но по обработката на податоците заклучиле дека РМ не ги исполнува условите.

„Имено, поддршката од ЕУСФ беше условена со оптоварување врз јавните финансии со минимален праг од 1,5 милијарди евра (цени од 2011 год.) или 0,3% од бруто националниот доход (БНД) на потенцијалната земја-апликант. Во апсолутни бројки, во случајот на Република Северна Македонија овој праг изнесуваше 30.852.000 евра и истиот не беше достигнат, со оглед на тоа дека износот на пријавените итни трошоци од институции/општини изнесуваше ≈7.670.831 евра.“, велат од Владата.

Од Владата додаваат дека заради брзата и ефикасна организација на државните институции била обезбедена огромна количина на донации во борбата со Ковид-19 кои не предизвикале дополнителни расходи, и драматично се намалиле државните расходи за овие набавки.

Дури 17 ЕУ членки и три кандидатки освен Македонија добија пари од Брисел.

Дали владата се пофали дека Македонија подобро менаџирала со Ковид19 од Германија, Франција, Белгија….

Видеото на ТВ21