Не Блер, Зеленски, Бабиш, шеици… ЕУ ќе го „решава“ Ѓукановиќ

По непријатностите што во изминатите два-три дена ги имаа поранешниот британски премиер Тони Блер, украинскиот претседател Володомир Зеленски, чешкиот премиер Андреј Бабиш и редица други светски лидери, монарси, шеици, светски ѕвезди, кои мораа да даваат јавни одбрани од сериозните обвинувања изнесени во документот „Pandora paper’s” на Меѓународниот истражувачки конзорциум од преку 150 светски медиуми и 600 новинари, вчера на тапет се најде и црногорскиот премиер Мило Ѓуканопвиќ.

За него официјално се произнесе и Делегацијата на Европската унија во Црна Гора, која соопшти дека очекува надлежните државни органи во земјата соодветно да ги истражат наводите од аферата „Пандорини документи”, според кои црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и неговиот син Блажо склучиле тајни договори за управување со нивниот имот во странство.

Делегацијата на ЕУ во Црна Гора вчера јасно порача, пренесе црногорскиот весник „Вијести”, дека очекува неодамнешните обвинувања од „Пандорините документи„ како и сите други обвинувања за корупција или евентуално затајување данок, да бидат соодветно истражени од надлежните национални органи. (МИА)