Не биле за трајно: Еврејската секта денес заминува за Албанија

Групата странски државјани кои по вероисповед се припадници на еврејска секта и имале престој во Куманово транзитираат низ државата и денес истата ќе ја напуштат, на граничниот премин кон Албанија.

„Лицата од групата немаат воспоставено никаков контакт пред или за време на престојот со македонската Еврејска верска заедница, ниту имаат одобрен престој за вршење на манифестации на верата, богослужби или верски поуки. Нивниот престој не е во корелација со нивното верско убедување, ниту е забележана повреда на законот или правата и слободите на други лица наши државјани“, изјави директорот на КОВЗ Даријан Сотировски за весникот ВЕЧЕР.