По скандалот со 270 илјади евра дадени на фризерница за спроведување проекти со ЕУ пари преку Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност се појавија и други скандалозни проекти на Агенцијата.
Еден од нив е тренирање хрватско магаре и хрватски лепицанер.
Според дел од документ што го објавува адвокатот Александар Тортевски агенцијата дала пари за проект кој навидум нема никаква логика.
Според Тортевски за тренирање магариња и коњи од Хрватска потрошени се фантастични 83 илјади евра.
Да ви го разубавам денот. За тренирање на хрватско магаре, доделени 83.000 евра. pic.twitter.com/bm6W2MrpwS
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) October 11, 2020
Според фотографијата што беше објавена ноќеска првите луѓе на Националната агенција и шефот на берберницата што добил 270 илјади евра и кои тврдат дека нема ништо спорно во распределбата на европските фондови, седеле заедно на кафеанска седенка.
Директорката што дала 270 илјади евра од ЕУ и шефот на берберницата на кафеанска седенка (ФОТО)