Најмалку 11 лица загинаа, неколку се водат како исчезнати по поплавите во централниот италијански регион Марка, јави радио РАИ.

– Не беше водена бомба, туку цунами, изјави за државното радио градоначалникот на Барбара, Рикардо Пасквалини, опишувајќи ја вчерашната бура што го погоди неговиот град во регионот Марка, во близина на јадранскиот брег.


Спасувачките служби досега потврдија седум жртви од поплавите и тројца исчезнати, јавуваат агенциите.

Во Барбара исчезнала мајка и нејзината осумгодишна ќерка кои се обиделе да се спасат во поројот, изјави Пасквалини за агенцијата Анса. Уште едно дете е исчезнато до утрово.

Повеќе од 300 припадници од службите за итни случаи минувале низ вода до половината или со гумени чамци за да ги спасат граѓаните, објавувајќи на „Твитер“ дека евакуирале десетици луѓе од автомобили, покриви и дрвја. Во оддалечените места во спасувачката акција биле ангажирани и хеликоптери.

Видеата и реакциите ги срочи Плус инфо.