НБРМ го трасира патот за нови пари со „Северна“

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) со неколку одлуки донесени кон крајот на март го трасира патот за пуштање во оптек нови пари што ќе го содржат наметнатото име на македонската држава со географската одредница „Северна“.

Според одлуките донесени од Советот на НБРМ и објавени во „Службен весник“, новите ковани и книжни пари треба(ше) да бидат пуштени во оптек од 1 април.

Светскиот македонски конгрес (СМК) најостро го осуди овој потег.

„Секогаш кога ќе го видите новото име на државата на книжните пари в раце, сетете се на велепредавството, злосторството против човештовото и геноцидот врз македонскиот народ на марионетската влада на Зоран Заев! И, кога и да е, ова злосторничко здружение мора да одговара пред судот на народот, историјата и правдата! А, обединети и единствени мора да го вратиме името Македонија дома и во светот!“, порача СМК.