„За да не му се додаде гориво на македонскиот национализам, поради зголемената бројност на Албанците во контролирањето на дел од власта, треба да се постигне голем Договор за пријателство меѓу * Македонија и Албанија, кој ќе содржи гаранции дека Албанија и Албанците нема никогаш да прават заговор да ја ослабат својата држава. Со таквиот договор за пријателство, кој ќе треба да се потпише пред идните парламентарни избори, ќе може барем малку да се излекува свеста на македонскиот народ, сега затруена со руските, српските и други влијанија, но и таа свест да се насочи кон Западот.“ – вели влијателниот политички аналитичар од Албанија Ментор Назарко, кој е и поранешен политички советник на еден од претседателите на Албанија.
Во својата колумна со наслов „Рецепт за вкусна македонско-албанска салата’“ која ја објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“, Назарко пишува: Зголемувањето на бројноста на Албанците во контролирањето на дел од власта во * Македонија му дава гориво на македонскиот национализам. Ова не му користи на Западот, па не треба да ги радува ниту Албанците. Затоа дојде време, дури и многу порано, за еден голем Договор меѓу двата народа, во кој ќе биде вклучена и Албанија. За еден вид Договор за пријателство меѓу * Македонија и Албанија, кој како главен столб ќе има гаранции за македонскиот чинител дека Албанија и Албанците никогаш нема да прават заговор да ја ослабат својата држава, дека ќе се почитуваат соодветните населенија на едната и на другата држава.
Во рамки на овие гаранции може да се предвиди вклучување на двете влади, на бизнисите на двете држави, на односните дијаспори, за инфраструктурни проекти од заеднички интерес, како што е, на пример, пристаништето Валона. Еден заеднички инвестициски Фонд, отворен за јавноста, би можел да биде решение.
* Македонија потпиша таков договор со Бугарија, но без успех, или еден сурогат-договор (Преспанскиот) со Грција, па ваков договор *Македонија-Албанија се чини дека е и задоцнет. Инаку, Албанија отсекогаш била фактор на стабилноста за новата република: во 1992 година ја призна првата, а и ги понуди и пристанишните капацитети за време на грчкото ембарго (ембарго кое ни Албанија не го искористи како што требаше).
Овој договор за пријателство меѓу * Македонија и Албанија треба да биде постигнат преку преговори и да биде потпишан пред идните парламентарни избори. Преку овој дипломатски инструмент за пријателство, за кој ќе биде спроведена силна пропаганда може барем малку да се излекува свеста на македонскиот народ сега затруена со руските, српските и други влијанија создавајќи им идеја дека Јадранското море, каде што одат на ефтини одмори, е и нивно море.
Изнесувам и еден предлог во врска со надворешната албанска политика. Тирана, која е сега осетно засилена на меѓународен план како членка на Советот за безбедност на Организацијата на Обединетите нации, со својата основа врз НАТО, мора да ја реконцепира својата регионална политика, влијаејќи врз (како што беше и средбата во Тирана на премиерот Еди Рама со албанските партии од * Македонија) да се движи кон Западот, кон помирувањето.
Ова се некои предлози за една вкусна македонско-албанска салата. Салата што ќе можат да ја јадат и западните пријатели, кои се историски толку многу чувствителни за зачувувањето на стабилноста на малата земја од глобална стратегиска важност како крстосница на најважните коридори на светот.
Home Македонија Назарко: Потребен е Договор за пријателство *Македонија-Албанија и за да се излекува...