„Каурски пи*ки!“ – со ваквите етнички навреди со сексуални алузии, повеќепати извикувани, како и „Косово“, „Албанија“, вечерва навивачката група „Балисти“ од Тетово го „прослави“ својот јубилеј 30 – години од постоењето, изведувајќи марш од трговскиот центар „Палмамол“ низ улиците на градот до плоштадот во центарот.
Ова е видно и може да се чуе од видео-снимката, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“, кој ја објави следната вест: „Навивачката група Балисти денеска полни 30 години. На овој 30-годишен јубилеј прославија како никогаш досега. Тетово изгледа само црвено-црно. И во овие моменти Тетово е блокирано од црвено-црните бои и од балистите, кои извикуваат и пеат разни песни за празниците на Ноември“.
Вечерва беа испукани и огномети. Полицијата го обезбедуваше „славеничкиот марш“ на навивачката група „Балисти“ низ улиците на Тетово.