Навивачите на Левски со рецепт за правење човек од Македонец?!

Нов придонес кон „добрососедските“ односи со Македонија дадоа навивачите на бугарскиот фудбалски клуб Левски од Софија со транспарент со говор на сè само не љубов кон Македонците.

„Како од Македонец да се направи човек? Со кротко, со добро и со малку ќотек“, порачаа фановите на 26-кратниот првак на Бугарија, цитирајќи го во вториот дел од пораката Андреј Љапчев, бугарски премиер од 1926 до 1931 година, родум од Ресен.