Навивачи на Македонија од Велес со поздрав до Бугарите со „червена“

Навивачи на фудбалската репрезентација на Македонија од Велес подготвија голема реплика на југословенска банкнота од сто динари, со која ќе ги поздрават Бугарите од трибините на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје вечерва од 20:45 часот во дуелот од Лигата на нациите.

Популарната „червена“ е потсетник на периодот на некогашна СФР Југославија и на НР Бугарија, која граѓаните на источниот сосед ја користеа како репер за цената на тоа што се обидуваа да го продадат во Македонија додека таа беше дел од југословенската федерација.