Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити од фудбалската Лига на шампионите беше прекинат на самиот почеток на првото продолжение од 15 минути, кога навивач со знаме на Албанија влета на теренот на „Сантјаго Бернабеу“.

Обезбедувањето брзо интервенира и натрапникот го извади насвор од теренот, по што реваншот од полуфиналето продолжи, а „кралевите“ се пласираа во финалето, каде што за противник ќе го имаат Ливерпул.

Гостите од Англија водеа со голот на Марез во 73. минута и кога сите ги видоа во финалето благодарејќи и на триумфот од 4:3 во Манчестер двата гола на резервата Родриго во 90. и 91. минута му донесоа продолженија на Реал, во кои Бензема во 95. минута од пенал ги постави конечните 3:1.