Навистина шокантно: Возило на “Организиран криминал” при МВР фатено со дрога во Црна Гора

Десетици килограми дрога се откриени во возило од Секторот за борба со организиран криминал во МВР при обид да влезе на територија на Цена Гора.

Возилото на МВР се обидело да внесе огромна количина на дрога во Црна Гора завчера но црногорските гранични служби го запреле возилото и спречило внес на дрогата.

Изворите на expres.mk во црногорската полиција тврдат дека во возилото се наоѓале високи службеници на МВР но не го откриваат нивниот идентитет ниту откриваат дали се тие уапсени или протерани.

Вредноста на дрогата фатена во возилото на МВР во Црна Гора на пазарот на мало е во висина од стотици илјади евра.

Возилото предходно ја минало Албанската граница без никаков проблем но било фатено при влез во Црна Гора.

МВР засега не открива никакви детали за случајот.

Дополнување на текстот

Црногорските власти попладнево потврдија дека има случај на шверц со дрога од Македонија но откриваат детали и учесници

Нервоза во врвот на македонското МВР https://www.expres.mk/crna-gora-potvrdi-shverc-na-droga-od-makedonija-ne-gi-objavuva-patnicite-vo-voziloto/